ABS траки за креативен ентериерен дизајн

75

Важноста на ABS траките во индустријата за мебел е сè поголема. Секако, клучни се функционалните аспекти, но исто така, сè повеќе расте интересот кон нивниот визуелен и недопирлив шарм. Необичните материјали, боите, заоблените финиши и многу други особини го прават дизајнот на ABS траките нешто не само што може да се види, туку да се почувствува и доживее.

glavna

RAUKANTEX design

Редифиниран дизајн на ABS траки

Поради постојаното барање на клиентите за разноличност и индивидуалност на нивните проекти, на ABS траките сега се гледа како можност за дизајнерско изразување. Зачестените ентериерни проекти каде задебелувањето на панелите е од исклучителна важност создава услови за еволуција на дизајнот на ABS траките, услови за осамостојување, нова категорија која бара посебно внимание и посветеност при проектирањето.

traki

Со колекцијата DESIGN се искористува овој потенцијал, со понуда на несекојдневни, креативни декори, кои даваат фокус и отвораат нова перспектива на мебелот и ентериерниот дизајн. Декори кои неодамна произлегоа како клучен тренд на пазарот.

RAUKANTEX  V-nut
Обединети стаклото и металот

Особен нагласок кај оваа група на ABS траки е V-жлебот. Горниот дел од траката е достапен во типични бои на стакло, додека долниот дел го симулира алуминиумот или нерѓосувачкиот челик. Кога траката ќе се нанесе на површина со иста нијанса, се добива впечаток на вистинска стаклена површина.

vnut-1

vnut-2

RAUKANTEX magic LITE
Уникатно осветлен нагласок

Замислете соба исполнета со звуците на вашата омилена музика. Ја оцртуваат сенките создадени од играта на предметите во собата и разлетаните фотони кои продираат од транспарентниот дел на ABS траката нанесена на полиците или комодата.

mg-1

Замислете кујна каде светлосни линии ги оцртуваат нејзините контури. Несекојдневна можност во вистинско светло да го покажете Вашиот уникатен карактер.

Сега замислете ја собата на Вашето дете, додека мирно спие, преплавена од пријатното чувство на благосостојба и волшебна атмосфера, создадена од благата светлина што зрачи од полиците со полу-транспарентни ABS траки.

mg-3

Откако ќе се направи 20 мм каналче на 38 мм панел, се лепи LED лентата (исто така LED лента во боја). Потребни се минимум 8 мм од двете страни на каналчето да може траката убаво да залепи на панелот.

Кога ќе се вклучат LED светлата, светлината пробива преку полутранспарентните делови на траката. Со ова секоја работна површина, секоја полица или секое парче мебел се преобразува во уникатен и скапоцен елемент.

mg-2