Absorb Plate – чинија што го собира вишокот маснотии од храната

59

original_absorbplateBBDO Bangkok, маркетинг агенција од Тајланд, во соработка со тајландската фондација за промоција на здравите навики, креираше чинија што на многу едноставен начин ја прави храната помалку калорична, пишува Design Taxi.

Наместо да го сменат начинот на којшто се готви храната, тие одлучија да преземат нешто во врска со начинот на послужување на истата. Absorb Plate има 500 дупчиња низ коишто се цеди маснотијата од оброкот и се апсорбира под неа. На тој начин, според агенцијата, се елиминираат седум милилитри од маслото што го содржи секое јадење (околу една ипол супена лажица) и до 30 калории од чинија.

Идејата зад чинијата е да се сврти вниманието на проблемот со дебелината во земјата, што е многу поврзан со количината на масло што се користи во нивните традиционални јадења.

original_piatto-food-design-per-olio

5-AbsorbPlate-Healthier-Meals-Advertising-Thailand-BBDO