Абу Даби добива технолошки инкубатор за стартапи

23

Mubadala Ventures, технолошка компанија од Абу Даби, го отвори првиот инкубатор за стартапи во градот со цел да ги мотивира младите да влезат во светот на бизнисот. Инвестицијата во инкубаторот, со името Hub71, чинеше 142 милиони долари, а дополнителни 145 милиони ќе бидат одвоени за инвестирање во стартапи.

Softbank и Microsoft со својот локален тим ќе ја дадат потребната поддршка на Hub71, односно ќе им овозможат на стартапите да се развијат и да го формираат својот бизнис.

Инкубаторот ќе започне да прима апликации од април, а се очекува да има повеќе од 100 стартапи во следните неколку години. Досега во Абу Даби не беше развиена старт – ап сцената поради високите трошоци за лиценцирање, визите за вработените и слично, пишува CNN.

Со Hub71 градот очекува дека овие проблеми да се решат, а ќе понуди и двегодишна лиценца за стартапи по цена од 700 долари, виза за четворица вработени, додека канцеларискиот простор ќе биде незадолжителен.

Инкубаторот ќе овозможи бесплатно сместување, канцеларии и здравствено осигурување за технолошките стартапи во рана фаза, додека за оние што се подолго време на “сцената“ ќе им се обезбедат субвенции за потребите на бизнисот до 50%.

Фото: Pixabay