Абу Даби: Поднесување тужба преку мобилна апликација

64

Фото: Pixabay

Жителите на Абу Даби ќе можат да поднесуваат тужби преку мобилна апликација, со што ќе се забрза времето за поднесување, ќе се подобри пристапот до правна помош и ќе се намали потребата за физичко присуство во судовите, пренесува Arabian Business.

Новата технологија им овозможува на корисниците да ги поднесат потребните документи без да плаќаат провизија, a можат да поднесат барање во рок од неколку минути и да присуствуваат на сослушувања преку видео повик.

Овој новитет е дел од серијата промени што тамошните власти ги имплементираат за правосудството.