ACCEL – брз електричен авион на Rolls Royce

28

Компанијата Rolls Royce го претстави електричниот авион, што според нив, е најбрз во светот, бидејќи може да достигне брзина од над 480 километри на час, само на електричен погон.

Авионот има посебен вид на батерии што му овозможуваат доволно енергија колку за обезбедување 200 домаќинства со струја или лет од Лондон до Париз со едно полнење.

За дизајнот и изработката на ова летало беше ангажиран тим од инженери, дизајнери и експерти кои работат во Rolls Royce, а неговиот модел беше претставен на аеродром во југозападна Велика Британија.

Фото: Rolls Royce