АД ЕЛЕМ еднократно ќе отпишува долгови на ранливите категории на граѓани

40

Управниот одбор АД  Електрани на Македонија донесе одлука за еднократно отпишување на долговите на граѓаните за искористената топлинска енергија испорачана од подружницата АД ЕЛЕМ, Енергетика, соопшти компанијата.

Еднократното отпишување ќе се однесува на долговите за искористена топлинска енергија заклучно со 31 декември минатата година кои не се наплатени подолго од 12 месеци, а за кои е почната постапка за наплата. Правото на еднократно отпишување на долговите може да го остварат само граѓаните кои како должници ги исполнуваат условите од  постојниот Закон.

„Со грижата за најранливата категорија граѓани АД ЕЛЕМ ја потврдува определбата на компанијата за општествено одговорното работење и помагање на заедницата“, информираат од АД ЕЛЕМ.