АД ЕЛЕМ ќе продава вишоци електрична енергија

21

АД ЕЛЕМ повторно објавува продажба на вишоци на електрична енергија, за јуни 2018, во вкупни количини од 24.480 MWh електрична енергија, од кои 14.400 MWh се “базна” и 10.080 МWh се “врвна” eлектрична енергија.

Од ЕЛЕМ информираат дека продажбата ќе се одржи на 22 мај 2018 година (вторник) во просториите на Дирекцијата во Скопје, по пат на аукциско надавање од страна на лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија, со кои ЕЛЕМ има склучено рамковни договори.

Последната продажба во АД ЕЛЕМ се одржа на 3 мај годинава на којашто беа продадени вишоци електрична енергија за 3.874.598 евра.