АД ЕЛЕМ повторно ќе продава вишоци електрична енергија

18

АД ЕЛЕМ вчера ги објави количините на вишок електрична енергија кои ќе бидат понудени на продажба за периодот август и септември 2018 година.

Според соопштението од компанијата, за август  2018 се понудени вкупни количини од 13.800 MWh електрична енергија, а за септември 21.600 MWh.

Пријавувањето на економските оператори за учество во процедурата на продажба на електрична моќност и енергија е отворено до 4 Јули 2018 до 9.00 часот.

Продажбата ќе се врши со спреведување на аукција по пат на јавно наддавање на 4 јули (среда) од 11.00 часот во просториите на АД ЕЛЕМ.

Повеќе информации и детали околу начинот на пријавување има на следниот линк.