Adidas ги претстави првите обувки направени од роботи

25

daПатиките Futurecraft M.F.G. (Made for Germany) или Изработени за Германија се најновиот производ на германската компанија за спортска опрема и обувки Adidas. Тие се првите патики што беа речиси целосно составени од страна на работи/машини во автоматизираната фабрика во Ансбах наречена Speedfactory, пишува Ecouterre.

Според компанијата, ова е прва од глобалната мрежа на фабрики од овој тип што уште повеќе ќе го забрзаат производството и ќе ги донесат финалните производи поблиску до потрошувачите. На производствениот процес му е потребна човечка интервенција само при финалната етапа. Патиките се изработени на начин што создава минимален отпад и го затоа го носат името Primeknit.

Целта на Adidas е фабриката да почне да изработува обувки специјално скроени за потребите на корисниците. Иако 500-те досега произведени обувки од серијата Futurecraft M.F.G. ќе бидат наменети за германскиот пазар, Adidas планира да го прошири овој начин на производство на повеќе светски пазари, вклучувајќи ги и САД. Ваквите фабрики и овој начин на изработка значително ќе ги намали штетните емисии од транспортот и подобро ќе одговори на потребите на клиентите.