Адидас го прекина партнерството со Бијонсе

101

„Адидас“ го прекина модното партнерство со американската поп-ѕвезда Бијонсе, објави „Волстрит журнал“, цитирајќи луѓе кои знаат за ова прашање.

Доколку информацијата се потврди, тоа би било втор прекин на соработката меѓу Адидас и славна личност откако германскиот гигант за спортска облека ја прекина соработката со Канје Вест поради неговите антисемитски коментари, објави Ројтерс.

Адидас, кој потпиша договор со Бијонсе во април 2019 година за повторно да го лансира својот бренд Ivy Park, одби да ги коментира вестите за раскинувањето.

The Hollywood Reporter  најпрвин објави дека гигантот од спортска облека и американската поп ѕвезда ги прекинале врските, наведувајќи дека одлуката била взаемна поради, како што вели, „големите креативни разлики“.