Adidas го продава Reebok за 2,1 милијарди евра

121

Производителот на спортска опрема Adidas објави дека склучил договор за продажба на својата филијала Reebok на американската компанија Authentic Brands Group, за 2,1 милијарди евра.

Износот во голема мера ќе биде платен во готово, а трансакцијата треба да биде завршена во првиот квартал од 2022 година, по одобрување од надлежните органи, се наведува во соопштението на германската група.

Во почетокот на август, групата објави дека е во процес на финализирање на продажбата на нејзината филијала, која веќе престана со работа во рамките на групата во почетокот на 2021 година.

Adidas го купи Reebok за 3,1 милијарди евра во 2006 година со цел да се приближи до својот голем ривал Nike.

Фото: Facebook