Adidas го претстави првиот “течен“ билборд на светот по неодамнешното лансирање на инклузивна колекција костими за пливање.
Билбордот (базенот) содржи 43.532 литри вода и е поставен на една од најпопуларните плажи во Дубаи.
Кампањата, развиена од маркетинг агенцијата Havas, се базира на истражување спроведено од агенцијата YouGov, чии резултати откриваат дека многу мал процент (само 12%) од жените во Обединетите Арапски Емирати, се чувствуваат удобно во костумите за капење на јавни места плажа или базен. Со оваа активација, брендот сака да ги охрабри жените да спортуваат. Германската спортска марка ја лансираше својата прва колекција костими за капење кои го покриваат целото тело. Колекцијата се состои од 18 лесни делови и вклучува врвови со долги ракави, лесен хиџаб, панталони…
Први кои го испробаа базенот беа бренд-амбасадорките на Adidas, Дарен Барбер и Раха Мохарак. Барбер е атлетичарка со ампутирана нога која држи Гинисов светски рекорд, а Мохарак е првата жена од Саудиска Арабија која го искачила Монт Еверест.
Фото: YouTube