Adidas нема да произведува фитнес уреди за носење

25

22141263_1660395107316735_5068490232802296524_n

Фото: Facebook

Adidas престанува со производство на фитнес уреди за носење со цел да се фокусира на бизнисот со софтвер, пишува The Verge.

Компанијата првенствено сака да се посвети на Adidas App и Runtastic, коишто беа купени во 2015 година. Adidas престави неколку уреди за носење под името miCoach, чијашто кулминација беше паметниот часовник miCoach Smart Run, но ниеден од нив не беше доволно успешен и прифатен на пазарот.

Сепак, најголемиот производител на спортска облека во Европа нема целосно да се откаже од хардверскиот дел, со оглед на тоа што веќе најави дека заедно со Fitbit ќе произведуваат паметни часовници следната година.