Adidas со зголемен профит во пресрет на Светското првенство во фудбал

59

Фото: Facebook

Германскиот производител на спортска опрема Adidas веќе ги чувствува бенефитите од претстојното Светско првенство во фудбал, при што има регистрирано зголемен профит во првото тримесечје од годината, објави Jakarta post.

Од јануари до март, нето добивката им се зголемила за 18,7% односно изнесувала 540 милиони евра, а оперативната добивка за 17,1%  се зголемила на 746 милиони евра.

Од компанијата информираат дека најголем пораст е забележан на опремата за фудбал наменета за светското првенство, коешто ќе се одржи во јуни/јули во Русија.

По региони, најголема продажба е забележана во Северна Америка каде продажбата е зголемена за 21% во споредба со лани истиот период, а продажбата во Кина е зголемена за 26%.

Од компанијата очекуваат профитот за целата 2018 година да биде неколкукратно зголемен во споредба со 2017 година.