Adidas во Кина закрепнува побрзо од очекуваното

26

Германскиот производител на спортска опрема Adidas соопшти дека забележал побрз раст на продажбата од очекуваниот во Кина по карантинот воведен поради пандемијата на коронавирус, додека повторното отворање на продавниците во Европа и Северна и Јужна Америка ќе се одвива постепено.

И додека прометот во продавници во Кина, Хонг Конг, Макао и Тајван остана под нивото од мај минатата година, од Adidas соопштија дека е компензирано со зголемената потрошувачка на купувачите и зголемената продажба на интернет, што доведе до општо зголемување на приходите.

Компанијата очекува продажбата во вториот квартал во Кина да биде приближно на исто ниво како и минатата година.

Пред пандемијата на коронавирус, Кина беше најпрофитабилниот регион на Adidas и нејзиниот најбрзорастечки пазар, кој забележа 15% раст на продажбата минатата година.

Во Европа се отворени околу три четвртини од продавниците, а повеќето од нив работат со скратено работно време.

Фото: Pixabay