Адиент ја отвори новата фабрика за производство на навлаки за автомобилски седишта во Струмица

156

img_0016

Адиент, глобалниот лидер во областа на производство на автомобилски седишта, официјално го најави отворањето на својата нова фабрика за производство на навлаки за автомобилски седишта, сместена во технолошко – индустриската развојна зона во Струмица, стои во соопштението.

Новата фабрика се простира на површина од 12.500 метри квадратни и е опремена со врвна технологија за производство на навлаки за автомобилски седишта, првично наменети за потребите на клиентите на европскиот пазар. Заедно со иницијалната инвестиција од повеќе од 20 милиони американски долари за изградба на оваа гринфилд инвестиција, Адиент ќе вработи повеќе од 1.300 лица, дополнително потврдувајќи ја својата силна заложба за инвестирање во македонската економија.

“Mи претставува особено задоволство што пред една година ја најавивме изградбата на нашата нова фабрика, а денес гордо стоиме пред неа ‒ една од најголемите и најмодерни фабрики за производство на автомобилски компоненти во регионот. Оваа инвестиција е уште еден јасен доказ за нашите намери да инвестираме во македонската економија и претставува уште еден важен чекор кон проширувањето на нашата производна мрежа во Европа, што, пак, дополнително ќе придонесе кон обезбедување на нашите клиенти, односно автомобилските компании, со диференцирани производи базирани на квалитет, технологија и перформанси“, изјави Владимир Теплик, Потпретседател на операции на Адиент.

Адиент е глобален лидер во производството на автомобилски седишта. Со 75.000 вработени и 230 производни фабрики/фабрики за склопување во 33 земји насекаде во светот, произведуваме и испорачуваме автомобилски седишта за сите класи на возила и сите големи ОЕМ производители. Од комплетни системи за седење, до поединечни компоненти, нашата експертиза се протега во рамките на секој чекор од процесот на производство на автомобилски седишта. Нашите интегрирани вештини што ги поседуваме внатрешно ни овозможуваат да го опфатиме целиот процес, почнувајќи од истражување и дизајн, па сè до инженеринг и производство, а сето тоа стигнува во повеќе од 25 милиони возила годишно.