По повод рекордната продажба на 302 стана во 2014-та година, Адора инженеринг ќе ги награди со зимување во Банско сите купувачи на стан од овој градежен бренд од почетокот на годинава до 15-ти февруари 2015-та година.
“Со овој подарок, компанијата, лидер во високоградбата во Македонија и регионот, традицинално сака да им возврати за довербата и лојаноста на купувачите, со грижа, љубов, внимание и награди, со што продолжува и во 2015-та година. Адора инженеринг, синоним за докажано сигурна, квалитетна и економична еко градба, на крајот на 2014-та ја додели наградата автомобил Поло на Тони Крстев од Скопје, со стан во Охрид, кој беше извлечен во наградната игра во која учествува сите купувачи на стан од овој градежен бренд минатата година“, стои во соопштението на компанијата.