Adria Airways ќе ја наплаќа храната во економската класа

65

adriaСловенечкиот национален авиопревозник Adria Airways од 22 април ќе почне на патниците во економската класа да им наплаќа за храната и пијалоците. Со овој потег авиопревозникот се приближува до нискобуџетен модел, пишува Ex-Yu Aviation, пренесува Seebiz.

Патниците од бизнис класата ќе продолжат да добиваат полна услуга, со оброк.

Во економската класа, Adria служи храна на летовите за Брисел, Истанбул и Москва, а на останатите послужува грицки, вода, чај и кафе.