Adria Airways на два дена ги запира сите воздушни операции

19

Словенечкиот авиопревозник, Adria Airway објави дека денеска и утре привремено ги запира сите свои операции од и до сите свои бази во Љубљана, Приштина и Тирана.

Оттаму ги советуваат патниците кои патуваат во текот на овие два дена да проверат како ќе се управува со нивниот лет пред да дојдат на аеродром и, ако тоа е преку Adria Airways, да добијат информации до продажното место од каде што ги купиле билетите.

“Одлуката да се запрат операциите на авиокомпанијата е поради моментално необезбедување на пристап до пари што се потребни за да може компанијата да функционира. Компанијата интензивно бара решение заедно со потенцијалните инвеститори“, велат од Adria Airways.

Словенечкиот авиопревозник, како што пишува словенечко Дело, ги откажа сите летови по ултиматумот од владата за да обезбеди кредит од четири милиони евра, инаку сите воздушни операции ќе бидат запрени.

Компанијата се соочува со големи проблеми со ликвидноста, а според некои неофицијални информации се проценува дека нејзините обврски достигнуваат 70 милиони евра. Adria Airways веќе загуби и дел од својата флота поради долгови.

Фото: Facebook