Adria Airways повторно на продажба

35

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Словенечкиот државен холдинг (СДХ) објави дека потпишал договор за заеднички настап врз основа на кој ќе почне процесот на продажба на 91,58% акции на националниот авиопревозник Adria Airways, пишува љубљански Дневник.

Договорот за заеднички настап за повторниот обид за продажба на оваа авиокомпанија го потпишаа СДХ кој управува со државниот имот, државниот фонд ПДП и лошата банка, државна установа која управува со лошите побарувања на комерцијалните банки, вклучувајќи ги и оние што се доверители на Adria Airways.

Adria Airways е на листата 15 фирми во кои мнозинска сопственост има државата, кои треба да се приватизираат. Компанијата во последните неколку години работи со загуба и тешкотии поради долгови, а неколку пати е докапитализирана од државата.

Првиот обид за продажба пред три години заврши без успех.