Адрис група заинтересирана за Триглав и Кроација осигурување

44

Хрватската Адрис група е заинтересирана за купување на удел во најголемата словенечка осигурителна компанија Заваровалница Триглав, извести директорот на корпоративни комуникации Предраг Грубиќ за Хина. Оваа компанија од Ровињ претходно покажа интерес и за купување на најголемиот хрватски осигурувач Кроација осигурување.

“Адрис група покажува сериозен интерес за капитално вложување во Заваровалница Триглав. Како своја предност пред големите европски играчи ја сметаме консолидацијата на најголемиот словенечки и хрватски осигурувач, во чии рамки на Триглав ќе му се обезбеди самостојност и зачувување на брендот”, наведува Грубиќ во соопштението од Адрис група.

За влез на пазарот со осигурување во регионот, Адрис група се одлучила врз основа на оценките дека осигурувањето нуди голема можност за раст.

Адрис група ја сочинуваат три стратешки деловни единици: туризам, производство и преработка на тутун и одгледување и преработка на риба.