АЕК: Скоро два милиони активни корисници на мобилната телефонија

24

Според последниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во државава во последниот квартал лани изнесувал 1.969.109. Реализиран е сообраќај од 1.387.086.595 милијарда минути, од коишто 1.198.245 минути се сообраќај од претплатници на домашен оператор при роаминг надвор од државата.

Во последниот квартал од 2018 година бројот на претплатници со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа изнесува 1.348.134. Во вкупниот број на активни претплатници во четвртиот квартал лани најголем удел има оне ВИП со 49,25%, по што следи Македонски телеком со 48,6% додека Лајкамобајл учествува со 2,15%

Во приходите од обезбедување мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во четвртиот квартал од 2018 година Македонски телеком учествува со 51,9% оне Вип со 47,67%, а Лајкамобајл со 0,43%

Од вкупниот број активни претплатници со пристап до интернет преку мобилна мрежа, најголем дел односно 52,39%, отпаѓаат на онеВИП,  а 46,35% на Македонски телеком. Притоа Македoнски телеком учествува со 64,32% во количината на сообраќај од претплатниците на интернет преку мобилна мрежа, а онеВИП со 35,68%, пренесува МИА.

Во последниот квартал од минатата година во државава функционирале 382.901 фиксна линија и бил остварен телефонски сообраќај од 49,031.189 минути. Од давателите на услуги во фиксните линии најголем удел има Македонски телеком со 55,46% по што следат онеВИП со 34,67%, Роби со 6,04% Неотел со 2,99%, Инфел Нет Плус со 0,84%.