Аеродромите на TAV со рекордни бројки на добивка и патници

46

Фото: Pixabay

Турскиот аеродромски оператор TAV Airports Holding соопшти дека бројот на превезени патници во првата половина на 2018 година е рекордно висок, односно низ аеродормите на компанијата поминале 67 милиони патници што претставува зголемувањето за 31 %, пренесува Hurriyet Daily News.

Ова главно се должи на зголемениот број на странски туристи на аеродромот во Анталија, со што компанијата ја зголеми својата нето-добивката за 55%, односно на 93 милиони евра.

Околу 15% од остварените приходи на TAV Airports Holding се од меѓународни операции, се вели во соопштението и се додава компанијата годинава инвестирала во 15 аеродроми со коишто работи.

Инаку TAV Airports Holding го презеде аеродормот во Анталија на почетокот на мај 2018 година и успеа за многу кратко време да го зголеми бројот на патници кои поминале тука за цели 16%.

Откако компанијата ги објави првите резултати и ги ревидираше своите прогнози за 2018 година, акциите на TAV Airports на Истанбулската берза пораснаа за 14%.