Аеродромот Истанбул прогласен за „Аеродром на годината“

26

Аеродромот „Истанбул“ во Турција e прогласен за „Аеродром на годината“ и пo четврти пат ja доби наградaта за воздушен транспорт за 2024 година, објави аеродромскиот оператор ИГА, јавува Анадолу.

Претходно аеродромот „Истанбул“ беше избран за „Аеродром на годината“ во 2021, 2022 и 2023 година од страна на „Ер транспорт њуз“, се вели во соопштението на аеродромскиот оператор, во кое се додава дека наградите се доделуваат во 14 различни категории, со околу 4.000 гласови.

Вршителот на должноста извршен директор на ИГА на аеродромот „Истанбул“, Селахатин Билген, на церемонијата на доделувањето во Грција во неделата рече дека аеродромскиот оператор ИГА е горд што ја добива наградата.

Издвојувањето меѓу сите меѓународни аеродроми во светот и освојувањето на оваа титула уште еднаш ја покажува посветеноста на сите аеродромски тимови што се стремат кон оперативна извонредност, додаде тој.

Костас Јастроу, генерален и извршен директор на „Ер транспорт њуз“, рече дека аеродромот „Истанбул“ се покажал како отпорен и водечки авијациски центар во иновациите и покрај сите предизвици со кои се соочува авијациската индустрија од пандемијата.