Аеродромот Софија ќе оди под концесија на 35 години

15

летище-софия

Бугарската влада одлучи да започне постапка за давање под концесија на аеродромот Софија. Според министерот за транспорт Ивајло Московски, за целиот период од 35 години, колку што е планирано да се издаде под концесија, приходите за државата ќе бидат околу 613 милиони евра, јавува Вести.

Своите понуди за концесија на најголемиот аеродром во оваа земја, кандидатите ќе можат да ги поднесат до крајот на септември.