AeroFarms доби инвестиција вредна 40 милиони долари

16

slika

Фото: AeroFarms

Компанијата AeroFarms, којашто се занимава со вертикално земјоделство, обезбеди 40 милиони долари во последната серија инвестиции, пишува Inhabitat. Свои пари во развојот на овој вид на производство донираа Дејвид Ченг основачот на Momofuku Group, шведскиот бренд за мебел IKEA и шеикот Мохамед бин Рашид од Дубаи.

Средствата ќе бидат искористени за подобрување на производството, односно за обезбедување на здрава храна на глобално ниво преку користење на нивниот иновативен аеропонски систем.

AeroFarms, чие седиште е во Њујорк, одгледува зелен зеленчук без сончева енергија во вертикални садници во целосно контролирана внатрешна средина, односно аеропонски. Овој начин е многу подобар од традиционалното земјоделие, од причина што потребно е 95% помалку вода, зеленчукот расте за половина време од вообичаеното, не ја осиромашува почвата и може да се одгледува преку целата година.