AeroLiner3000 – иновативен ултра лесен двокатен воз

104

c25_aeroliner-e1416420731908-800x450

Фото: Andreas Vogler

Дизајнерското студио Andreas Vogler го дизајнира двокатниот воз AeroLiner3000 што го интегрира воздухопловниот инженеринг со цел да создаде ултра лесен дизајн и може да се пофали со поголем број на седишта, зголемена ефикасност, удобност и намалена емисија на јаглероден диоксид.

“Во авијацијата лесната конструкција е топ приоритет. Со AeroLiner3000 покажуваме дека лесната конструкција може да предизвика промени во светот на железничките возила“, вели архитектот Андреас Воглер.

Студиото Andreas Vogler и германскиот воздухопловен центар dLR го дизајнираа и развија двокатниот брз воз за Велика Британија. Овој иновативен и ултра лесен дизајн треба да овозможи зголемување на капацитетот од 30% на постојната инфраструктура на британските железници што може да се прилагоди на постојната инфраструктура, пишува Inhabitat.