Aerospace Evo, нов софистициран луксузен часовник од Breitling

86

Breitling-Aerospace-evo-Chronograph-600x400Швајцарскиот производител на часовници Breitling SA, на пазарот лансираше нова модерна и динамична верзија на својот веќе постоечки мултифункционален часовник-хронометар – Aerospace. Луксузниот бренд неодамна го промовираше новиот часовник во парискиот салон Salon Les Montres.

Престижниот модел од професионалната линија на Breitling, Aerospace, доби нова подобрена верзија без да ги загуби своите врвни технички перформанси, кои вклучуваат сертифициран хронометар (Breitling 79 SuperQuartzTM movement), тајмер, аларм, втора временска зона и календар.

aerospace evo

Новиот часовник, кој што е нараечен Aerospace Evo, се истакнува со својот поширок дијаметар (43mm), редизајнираните броеви и стрелки, изгравирани рамки, закосената стаклена прекривка и каиш изработен целосно од титаниум обложен со сатен.

Достапен со три варијанти на бројчаник црн, син и зелен, луксузниот часовник Aerospace Evo може да се купи по црна од 3.750 евра.