
По уште една победа на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се појави на прес-конференцијата со часовник специјално направен во негова чест. Станува збор за модел на Hublot кој има повеќе симболични детали поврзани со тенисот и кариерата на Ѓоковиќ.
Швајцарскиот бренд соработува со Новак Ѓоковиќ од 2021 година и создаде часовник за него во три варијанти на бои кои се поврзани со трите основни тениски површини – тврда површина (сина), тревна (зелена) и земја (портокалова).
На задната страна од куќиштето се наоѓа и ознаката „GOAT“, што значи ‘Greatest Of All Time’ „Најголема од сите времиња“. Деталите од механизмот што се гледаат низ транспарентната задна страна се особено интересни – плочата е обликувана да личи на жиците на тенискиот рекет, а дизајнот дополнително ги евоцира точките на прицврстување по внатрешниот раб на рекетот. Капакот на главната пружина, кој обезбедува резерва на енергија од 72 часа, е направен да личи на тениско топче.
Моделот се вика „Big Bang Tourbillon Novak Djokovic GOAT Edition“, а е произведен во само 101 примерок, што е поврзано со бројот на трофеи освоени од Ѓоковиќ во текот на неговата кариера на различни површини.
Цената на овој престижен часовник е околу 100.000 евра.
Фото: Printscreen














