Африкански крал побогат од Рокфелер и Бил Геjтс

36

Во период од илјада години и со заедничко богатство од 4,317 илјади милијарди долари, од оваа листа само тројца се денес меѓу живите. На листата нема жени, а дури 14 од 25 се луѓе од САД.

Користејќи ја годишната стапка на инфлација од 2.199,6%, со податок дека 100 милиони американски долари во 1913 година вредат како 2.299,6 милијарди во 2012 година, листата на Celebrity New Worth вклучува имиња како Бил Гејтс, Ворен Бафет, но сепак лидер на таа листа е Манса Муса Првиот од Мали.

Најбогатиот човек на сите времиња и господар на царството на Мали кое се простирало преку територијата на денешна Гана, Тимбукта и Мали во Западна Африка, во 1331 година кога починал поседувал богатство во нето вредност од 400 милијарди долари.

Фамилијата Ротчајлд се втори на листата. Нивното богатство се проценува на неверојатни 350 милијарди долари, поделени во повеќе области како рударството, банкарството, компанија за управување со приватни имоти, винарии итн.

Трет на листата е Џон Д. Рокфелер, чие богатство се проценува на 340 милијарди долари во времето на неговата смрт во 1937 година. Инаку последен на оваа листа е Ворен Бафет (82 годишен), кој е проценет на “само” 64 милијарди долари, што е значително помалку бидејки добар дел од своето богатство веќе дал во добротворни цели.