Африка: Мобилен киоск обезбедува интернет и полни телефони на сончева енергија

26

Shiriki hubs се преносни киосци коишто служат за полнење на мобилни телефони и за обезбедување на Wi-Fi. Со помош на 100 ватни сончеви панели тие можат да наполнат до 30 телефони одеднаш.

Корисниците плаќаат пет центи за едно полнење на телефон и три центи за десетминутно користење на интернет. Киоскот е дело на Хенри Нуакарунди, претприемач од Руанда кој живее во САД.

Неговата компанија се вика African Renewable Energy Distributor (ARED), а ја основал по враќањето во родната земја во 2013 година, пишува CNN. Немањето електрична енергија во голем дел од Руанда го натерало Хенри да започне бизнис што ќе им помогне на корисниците да обезбедат алтернативен начин за полнење на своите телефони.

На самите киосци се прикажуваат реклами преку коишто се обезбедуваат дополнителни пари. Денес вакви мобилни “полначи“ има 68 на број што е зголемување за 23 споредено со 2017 година, а опслужиле вкупно 200.000 корисници.

Освен во Руанда, 10 ARED киосци има и во Уганда.

Фото: Facebook