Афроамерикански фризерски салони во САД ќе станат пунктови за вакцинација

16

Во фризерските салони, во сопственост на Афроамериканци, клиентите освен нова фризура, ќе добијат и вакцина против коронавирус, најави американскиот претседател, Џо Бајден.

Иницијативата е дел од настојувањата да се поттикне населението на вакцинирање во текот на цел јуни, што е прогласен за “месец на национално делување“.

Целта е да се оствари планот на демократскиот претседател на САД 70% од возрасните да примат барем една доза вакцина до четврти јули, што е национален празник во САД.

“Локалните фризери ќе бидат главни промотори на вакцинирањето во своите заедници, пружајќи им на клиентите информации и користејќи ги своите простории како пунктови за вакцинирање“, рекол Бајден.

Засега во САД барем една доза вакцина примиле скоро 63% од возрасните. Доколку се смета и вакцинирањето на помлади од 12 до 17 години, повеќе од 168 милиони лица примиле барем една вакцина, што е повеќе од 50% од вкупното население.

Фото: Pexels