After-work дружење со авторите нa Tip of the Week во книжарницата ТРИ

23

tow

Во книжарница ТРИ (ГТЦ први кат) на 15.07.2015 (среда) со почеток од 19.00 часот, ќе се случува after-work дружење со авторите на Tip of the week – Прирачниците за личен и за професионален развој, Петар Лазаров и Калин Бабушку.

Преку личното и професионално искуство на авторите, кои воедно се и создавачи на брендот MAMA’S, дознајте зошто е важна истрајноста во животот. Што значи феноменот на позитивни мисли? Зошто знаењето е основа за промени? Зошто на сите ни е потребен одмор и како најдобро да го искористиме? Дали има формула за успех? … и уште многу интересни содржини и приказни.

Инспирирајте се за промени и подгответе се за долго и успешно лето со одличните мотивациони и едукативни совети кои се дел од Tip of the Week® Прирачниците за личен и за професионален развој. Проверете до каде сте со вашите знаења и вештини и како може да се подобрите преку многуте практични примери и вежби.