Агенцијата Марили ги врачи признанијата на најуспешните жени менаџери за 2017

254

fotoАгенцијата Марили вчера свечено ги додели признанијата на 10-те најуспешни жени менаџери за 2017 година во Република Македонија. Во присуство на голем број гости, соработници, пријатели, десет бизнисменки од успешни компании од различни области и дејности од целата држава, имаа можност накратко да ги раскажат сопствените професионални приказни од своите работни, но и општествени средини каде што жената менаџер е добро прифатена.

“Годинешните лауреатки кои доаѓаат од успешни компании од различни области и дејности од целата држава треба да бидат поттик за младите генерации жени кои се едуцирани и влегуваат во бизнис водите за да остваруваат високи резултати на менаџерски и лидерски позиции“, рече Лидија Трипуновска, генерален менаџер на Марили, во обраќањето на свеченоста.

Годинашната Топ 10-ка ја сочинуваат: Александра Аргир, менаџер за човечки ресурси во Пивара Скопје АД, Горица Дачевска, генерален менаџер, ПЗУ Д-р Горица – Скопје, Ирена Јакимовска, генерален менаџер КОМФИ АНГЕЛ ДОО-Прилеп, Пенка Мукаетова, генерален менаџер КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП-Кавадарци, Јана Јанеска Ристески-генерален менаџер Центар за современа уметност-Прилеп, Слаѓана Стаменкова, генерален менаџер ЕЛИТ ТРАВЕЛ-Скопје, Наташа Стојковска, директор на набавка и логистика Витаминка-Прилеп, Елена Табаковска, директор ФАРМАГЕН увоз-извоз ДООЕЛ-Скопје, Лидија Таскова-Попова, генерален менаџер ЕСП-Развој и управување со човечки ресурси-Скопје и м-р Магдалена Трајковска Трпевска, генерален менаџер ТЕХНОЛАБ ДОО-Скопје.

Марили 22-ра година по ред го органзиира традиционалниот избор на 10 најуспешни жени менаџери од Република Македонија.