![сб](https://biznisinfo.mk/wp-content/uploads/2022/02/sb-2.jpg)
Агенцијата за банкарство на Федерацијата БиХ го презема управувањето со Сбербанк БХ, потврди во неделата директорот на агенцијата Јасмин Махмузиќ, бидејќи последниве денови филијалите на банката биле посетени од бројни клиенти, обидувајќи се да си ги подигнат парите поради страв од Западните санкции за рускиот банкарски сектор.
„Клиентите можат да си ги побараат парите, банката и банкоматите ќе работат нормално, онлајн услугите ќе работат нормално“, рече Махмузиќ на вонредната прес-конференција во Сараево.
Тој изјави дека Сбербанк БХ е целосно стабилна, а сите депозити во неа се безбедни бидејќи таа банка, како и другите во регионот, е дел од групацијата со седиште во Виена и над која Русија нема директна надлежност, па нејзиното функционирање во рамки на SWIFT исплатата системот не може да биде доведен во прашање.
Фото: Facebook