Агенцијата за туризам се врати со награда од Истанбул

23

Долгогодишната соработка и настап на интернационалната саемска манифестација East Mediterranean International Tourism & Travel Exhibitio – EMITT резултираше со уште една награда за Агенцијата за туризам. Репрезентативниот штанд на Македонија во организација на Агенцијата и отворениот пристап на македонските претставници значи почитување на македонско – турското пријателство и зацврстување на воспоставените туристички релации меѓу двете земји, стои во соопштението.

Наградата значи мотивација за Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и приватниот сектор од Македонија, во насока на зацврстување на позициите на турскиот туристички пазар и збогатување на туристичките содржини, со што би го зголемиле квалитетот и ноќевањата на турските туристи.

Директорот Љупчо Јаневски потенцираше дека бројот од 135.000 турски туристи годишно го наметнува интересот и потребата за  отворање на нови авио линии за поврзување на Охрид и Скопје со Анкара, Измир и Истанбул. Ова би резултирало со зголемување на бројот на турски туристи и остварени ноќевања, како и раст на локалната економија по основ туризам.

ЕМИТТ го поврзува Истокот и Западот и претставува мост за туристичка размена, со што се овозможува зајакнување на врските со странските пазари, склучување на нови договори и партнерства, во насока на  постигнување на бизнис целите. Македонија и оваа година беше дел од настанот заедно со повеќе од 1.000 изложувачи, од  85 земји, со над 55.000 посетители.