AgIC – пенкало што спроведува електрична енергија на хартија

41

UntitledСтартапот AgIC, со седиште во Токио, дизајнираше пенкало со специјално сребрено мастило што може да спроведува електрична енергија на хартија, пишува Mashable.

Сè што треба да направите е да ставите LED светилки и батерии на сјајна фото – хартија и да нацртате линија што ќе ги поврзе двете. Штом сребреното мастило од пенкалото ќе ги поврзе батеријата и LED светилката се појавува светлината.

На видеото подолу, објавено од страна на јапонската градежна компанија Kandenko, може да видите интересни минијатурни 3D осветлени структури создадени со помош на пенкалото AgIC и малку креативност.