Агмам груп во Албанија е новата компанија на групацијата Малиќи

50

Малиќи груп неодамна ја отвори својата нова компанија во Албанија, Агмам Груп, чија основна дејност е увоз и дистрибуција на добра меѓу кои и едни од најпознатите светски брендови на алкохолни пијалаци како Johnnie Walker, Gordon’s, Smirnoff, Tanqueray, Baileys, Guinness и Captain Morgan.

– Отворањето на нов пазар значи чекор повеќе од тоа што сега го работиме. Убедени сме дека новоотворената компанија  Агмам груп во Албанија која ќе се занимава со увоз и дистрибуција на разни производи, меѓу другото ја има и привилегијата да продолжи успешно да работи на промоција и продажба на брендовите на Diageo, исто како тоа што го прават Гемак во Македонија и Гекос во Косово, вели Душан Марковиќ, корпоративен маркетинг и ПР директор во Малиќи групацијата.

Тој додава дека ова проширување на операциите со овој реномиран партнер во регионот е воедно и потврда за растот и успехот на Гемак кој почна пред речиси 30-тина години.

Сите овие компании Гемак, Гекос и Агмам груп, работат под капата на Малиќи груп.