Аграрот во Србија лани остварил суфицит од 1,24 милијарди долари

52

srbija agrarСрбија во надворешно-трговската размена на земјоделско-прехранбени производи во 2012 година забележала суфицит од 1,24 милијарди долари, што е 3,5% помалку од претходната година, објави Стопанската комора на Србија (ПКС).

Минатата година од Србија е остварен извоз во вредност од 2,7 милијарди долари, а вредноста на увозот е 1,47 милијарди долари. Стапката на покриеност на увозот со извоз е 184,8%.

Најважни производи од аграрно потекло во извозот лани биле жолтата пченка во вредност од 536,8 милиони долари, шеќер (162,8 милиони долари), замрзнати малини (135,6 милиони долари). Во увозот доминираат сурово кафе (99,7 милиони долари) и свежи банани (35 милиони долари).