AgriSens, српска платформа што прави анализа на земјоделски површини

48

agrisens

Фото: Facebook

Над 1.000 земјоделци во преку 40 земји во светот го користат софтверот на компанијата Logit од Србија, пишува Екапија.

Станува збор за технолошката платформа AgriSens, којашто обработува слики од земјоделски површини со помош на беспилотни летала, а потоа со понатамошна анализа на корисниците им дава увид во квалитетот на сеидбата, очекуваниот принос и слично.

“Со почетокот на земјоделската сезона и на дневно ниво се јавуваат голем број земјоделци, па очекуваме тој број значително да ги надмине актуелните 1.000 корисници. Во план е до крајот на годината да воведеме нова примена на софтверот и да го развиеме оној дел од платформата што се однесува, не само на анализа на одредени снимки, туку на корисниците да им овозможиме системски да ги следат податоците на своите посеви“, вели Мила Доброта, генерален директор на компанијата Logit.

Анализата на снименото подрачје по обработка на софтверот, корисникот ја добива во PDF извештај, којшто дава три основни типа на информации: број на растенија, проценка на принос и анализа на ризик.

Платформата AgriSens се користи дури и на плантажи со манго, авокадо и банани во многу земји како што се: Нов Зеланд, Австралија, Порторико и САД.