Агрокор даде 18 милиони евра капар за Меркатор

20

agrokor merkatorХрватскиот концерн Агрокор преку Сбербанк му даде на Меркатор гаранција од 18 милиони евра кои ќе останат кај словенечкиот трговски ланец доколку продажбата не се реализира, пишува Финанце.

Сега се чека Меркатор да ги репрограмира кредитите, што би требало да се случи во октомври. Во меѓувреме од словенечката компанија порачуваат дека се задоволни од издавањето на 6,6 милиони евра вредните петмесечни комерцијални записи.

Резултатите од своето финансиско работење во првата половина од оваа година Меркатор ќе ги објави на крајот на август.