Агрокор ќе продава уште брендови за да собере пари за Меркатор?

20

agrokor zvijezdaЗа да ја затвори финансиската конструкција за купување на словенечки Меркатор, Ивица Тодориќ треба да обезбеди 452 милиони евра. А очигледно е дека е подготвен на уште откажувања од својот имот и брендови за да ја постигна таа цел, пишува Вечерњи лист.

Во некакви калкулации за продажба влегува и брендот Звијезда, но аналитичари што сакаат да останат анонимни сметаат дека прашање е колкава цена може да се постигне во време на економска криза.

Ивица Тодориќ и неговиот концерн Агрокор за една недела, без банките, успеаја да соберат дури 112 милиони евра за преземање на Меркатор.

Агрокор прво на американскиот фонд W. P. Carey му продаде пет продажни објекти на Конзум за 67 милиони евра, а потоа ги изнајми од него. Потоа го продаде брендот сокови Juicy на Јамница за 45 милиони евра.

Во меѓувреме се чека оцената за Агенцијата за заштита на конкуренција за концентрација на второ ниво во Хрватска. Словенија веќе го одобри купувањето на Меркатор, а Србија го одобри под услов Агрокор на продаде 21 од 180 продавници на некој од конкурентите.