Советот на Комисијата за заштита на конкуренција донесе решение според кое на Агрокор условно му одобри купување на Меркатор, дознава Танјуг од Комисијата.
Комисијата заклучила дека концентрацијата не може да се одобри без примена на соодветни структурни мерки кои подразбираат дека Агрокор треба да го отстапи / продаде своето малопродажно работење на некој од конкурентите во оваа дејност.
Овој услов се однесува на 21 продажен објект (алтернативно 22), во 15 градови/општини во Србија, со нето продажна квадратура од околу 20.000 метри квадратни.
Со одлуката Агрокор е дополнително обврзан да ја известува Комисијата за основните аспекти на деловната политика кон добавувачите, за политиката за рабат и други услови за набавка, како и да ја информира за сите промени до кои доаѓа во соработката, пред се со групата добавувачи кои спаѓаат во категоријата мали и средни претпријатија.
Комисијата ги проценила и вертикалните ефекти на оваа концентрација поради фактот дека компанијата Агрокор во Србија е присутна преку свои 22 поврзани активни друштва, меѓу кои се Дијамант од Зрењанин, Фриком од Белград, Кикиндски млин од Кикинда итн.