Агрокуманово за три месеци прикажа добивка од над еден милион денари

10

agrokumanovo

Агрокуманово првото тримесечје од оваа година го заврши со добивка од 1.027.000 денари, покажува билансот на успех за период од први јануари до 31-ви март оваа година.

Заклучно со 31-ви март 2016 година, компанијата прикажа добивка во висина од 6.578.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, од јануари до март 2017 година, беа 2.542.000 денари, додека истиот период претходната година изнесуваа 2.296.000 денари.

Основна дејност на Агрокуманово е трговија на големо со метални садови, цевки, уреди и опрема за водовод и централно греење, трговија на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници, трговија на мало во неспецијализирани продавници.