Агромеханика ќе продава сопствени обични акции по пат на јавна понуда

20

agromehanika-300x119

Собранието на акционери на Агромеханика донесе предлог одлука за продажба на сопствени обични акции по пат на јавна понуда.

Рок за реализација на продажбата на сопствените акции по пат на јавна понуда е 15 дена од денот на започнување на продажбата. Целта на продажбата, како што се наведува, е задоволување на законската регулатива.

На продажба ќе се најдат 5.247 обични акции, чија номинална вредност е 3.075 денари по акција. Минималната продажна цена на сопствените акции е 2.800 денари, додека вкупната минимална продажна вредност на јавната понуда е 14.691.600 денари.

Поканата за продажна на хартиите од вредност, како што е наведено, ќе биде објавена на македонски јазик во еден од дневните весници, 14 календарски дена пред почетокот на јавната понуда за запишување на хартиите од вредност. Проспектот и поканата за продажба ќе бидат објавени на веб страницата на Македонска берза, 14 календарски дена пред почетокот на јавната понуда.

Постапката за продажба на понудените акции ќе се врши преку Македонска берза, а ќе се спроведува преку овластени учесници на пазарот на хартии од вредност.