Европската унија ја стави Македонија на листата на трети земји одобрени за извоз на конзумни јајца на пазарите во Унијата, стои на официјалната страница на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Од страна на Европската комисијата, одлуката е донесена на почетокот на годината, кога е одобрен и планот на Македонија за контрола на салмонелата кај кокошките несилки.
Со одобрување на овој план, Македонија обезбедува гаранции за здравствениот статус на живината и за безбедноста на конзумните јајца.
Со цел обезбедување на статус на Македонија – земја одобрена за извоз и на живинско место и производи од живина во ЕУ, минатата недела од страна на Канцеларијата за храна и ветеринарство при Европската комисија, извршена е инспекциска мисија на АХВ. Во рамки на мисијата, направена е евалуација на контролниот систем за здравствена заштита на живината во Македонија и проверка на усогласеноста на условите на живинарските фарми со законодавството на Унијата.