АХВ: Уништени над 57 тони небезбедна храна во октомври

22

Повеќе од 57 тони небезбедна храна уништиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и операторите со храна во октомври годинава.

Во рамки на вкупно извршените 5.456 инспекциски надзори (3.766 редовни, 493 вонредни и 1.197 вонредни), за констатираните недоследности изречени биле 871 инспекциски мерки, односно, донесени се 586 решенија, изречени 261 мерка едукација, како и пет парични казни. Од страна на инспекциските служби на АХВ во октомври изречени биле и пет прекршочни пријави.

Како небезбедни, забранети за увоз во земјава биле шест пратки со храна со вкупна тежина од 74.460 килограми храна, од кои три пратки со 50.404 килограми храна од неживотинско и исто толку пратки со 24.056 килограми храна од животинско потекло. Во истиот временски период, нема поништени пратки храна од увоз.

Во истиот временски период издадени биле и 304 сертификати за извоз на храна од животинско и 285 сертификати за храна од неживотинско потекло.

Фото: Pexels