АХВ: Во јули спроведени 5.904 инспекциски контроли

34

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека во месец јули биле уништени над 16 тони храна од животинско и неживотинско потекло како небезбедна. Храната била уништена во рамки на 5.904 контроли, коишто минатиот ги спровеле инспекторите за храна и официјалните ветеринари при Агенцијата.

Најголемиот дел од небезбедната храна, односно 16.039 килограми, била уништена од самите оператори со храна.

За констатираните недоследности со контролите, инспекциските служби на Агенцијата, во овој временски период изрекле вкупно 642 инспекциски мерки, од кои 418 решенија за отстранување на недоследности и 199 едукации на операторите со храна. Поднесени се и две прекршочни пријави.

За извоз на храна од неживотинско потекло, инспекторите за храна во јули годинава издале 392 сертификати за безбедност на производите. 411 сертификати издале официјалните ветеринари на операторите со храна за пласман на странските пазари на храна од животинско потекло.

Како небезбедни за увоз во земјава, забранет е влез на една пратка со храна од неживотинско потекло со тежина од 300 килограми и една пратка со 150 килограми храна од животинско потекло. Минатиот месец нема поништени пратки небезбедни пратки со храна од увоз, ниту животинско, ниту од неживотинско потекло.

Фото:Pexels