Aiportraits – апликација што фотографијата ја претвора во уметнички портрет

210

По контроверзната апликација FaceApp, The Verge пишува за уште една апликација што користи вештачка интелигенција. Но, овој пат не станува збор за апликација што ги “старее“ фотографиите, туку обичните фотографии ги трансформира во уметнички портрети.

Зад aiportraits.com стојат тим научници од MIT – IBM Watson AI Lab. Апликацијата користи алгоритам којшто одговара на 45.000 класични портрети. Во базата на податоци има голем број различни уметнички стилови, опфаќајќи уметници од Рембрант до ван Гог.

Бидејќи се крена голема прашина околу FaceApp и можноста фотографиите на корисниците и нивните податоци да бидат злоупотребени, креаторите на оваа апликација уверуваат дека фотографиите се испраќаат до нивните сервери, но нема да се користат за некоја друга намена.

Фото: Aiportraits