Какви контроверзии крие FaceApp?

50

Фото: Faceapp

FaceApp е контроверзна апликација што користи вештачка интелигенција за да ги “остари“ фотографиите на корисниците, а во последниот месец стана прилично популарна.

Но, се отвори прашањето околу безбедноста на оваа апликација, којашто би можела да ја загрози приватноста на корисниците кои ги поставуваат своите фотографии за да видат како би изгледале постари, пишува Forbes. .

Се верува дека апликацијата ја користат повеќе од 150 милиони ширум светот, но американски сенатори го повикуваат ФБИ да започне истрага за да утврди дали FaceApp ги злоупотребува личните податоци на корисниците.

Загриженоста е поради фактот што апликацијата е направена во Русија, што значи дека сите податоци се испраќаат во таа земја. Зад нејзиниот дизајн стои Јарослав Гончаров, поранешен инженер во Microsoft.